Претставниците на Влаховиќ објаснија зошто не разговараат со Фиорентина

by
1 минути читање

21 годишниот
напаѓач Душан Влаховиќ е во моментов еден од најбараните на трансфер пазарот, а
Србинот има активен договор со Фиорентина со важност до 2023 година, а неговите
претставници објаснија зошто не разговараат со италијанскиот клуб за
продолжување на соработката.

Во летото на
Фиорентина и донесовме понуда вредна цели 60 милиони евра, истата дополнително
имаше и бонуси, постоеше и договор помеѓу заинтересираниот клуб и самиот
фудбалер, но претседателот Комисо не сакаше ниту да слушне за тоа
“ ја пренесува
„ФиренцеВиола“ изјавата која ја добил од свој извор во Белград за време на
интернационалната пауза, со што јасно се алудира на тоа дека првиот човек на „Виолетовите“, Роко Комисо е главниот „виновник“.

Комисо ни рече
дека Влаховиќ му е како негов син, додаде дека ќе стори се
што може за тој да потпише нов договор со
клубот, ние не сакаме да преговараме за нов договор со Фиорентина, токму затоа
и не разговараме со вас новинарите, ниту пак со самиот клуб
“ стои во
продолжение на изјавата.

Самиот Комисо јавно наведе дека Србинот нема да потпише нов договор со клубот, иако истиот сторил максимум за тоа да се случи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани