84
Неодамна агентот
на Швеѓанецот, Мино Раиола откри дека Златан Ибрахимовиќ е вљубен во Наполи и
ја остави подотворена вратата за трансфер на напаѓачот на југот од Италија.
Првиот човек на
„Наполитанците“, Аурелио Де Лаурентис сега призна дека е голем фан на Златан
Ибрахимовиќ и популарниот „Ибракадабра“ е неговиот трансфер од соништата.
„Би сакал да го
имам големиот џин кој сега игра во Манчестер јунајтед“ – вели Де Лаурентис во
разговор со Валтер Велтрони, поранешниот градоначалник на Рим.
„Еднаш се
сретнавме на вечера во Лос Анџелес, тој е симпатична личност. На теренот
секогаш изгледа налутен, но е неверојатно фин“.
„Знаете за кого
зборувам, нели?“