Претседателот на Ла Лига се изнасмеа на веста дека Реал Мадрид ќе се сели во Премиерлигата

by
1 минути читање

„Мундо Депортиво“ излезе со ексклузивна вест дека Флорентино Перез сака да го пресели Реал Мадрид во Премиерлигата, а ги разгледувал и Серија А и Бундеслигата.

Перез и Тебас се во војна, па првиот човек на Ла Лига се изнасмеа на ваквата информација, која навистина изгледа како шега.

Тој го претстави Перез како човек кој влегува во ноќен бар и на луѓето таму кои веќе се пијани им раскажува лаги во кои тие веруваат.

„Марсовецот (познат во светот на фудбалот“, е нов гостин во барот кој затвора во 5 часот наутро и откако пристигнал се што ќе се каже во тој период се верува, и пред се тој е тој што го кажува тоа! Колку многу глупости излегуваат овие денови“, вели претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас Медрано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×