Роберт
Левандовски ги разгоре шпекулациите откако вчера изјава дека натпреварот против
Волфзбург веројатно е негов последен во Баерн Минхен. Напаѓачот го известил
раководството на „баварците“ дека нема намера да потпише нов договор и сака да замине
од Алианц Арена.
Утрово одговор
доби од претседателот на клубот, Херберт Хаинер му порача на Роберт Левандовски
дека во целост ќе го одработи договорот и потоа може да замине.
„Роберт има
договор до 2023 и до тогаш ќе биде дел од клубот. Кога потпишувате договор, и сум потпишал
многу договори во кариерата, двете страни се свесни што пишува во нив, па не
може да велите дека „со сила“ го терате на нешто“ – вели Херберт Хаинер во
разговор со Спорт1.
„Колку што сум
запознаен, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ му доставија понуда за продолжување
на соработката но тој не ја прифати“.
„Рече дека треба
да се изнајде решене за двете страни, и Баерн е една од тие две страни. Негово
право е да не сака да стави потпис на нов договор, но треба да го одработи актуелниот“.
„Дојде беспари,
па може и да си замине беспари“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.