Фудбалската федерација на Македонија извести за последните одлуки на Дисциплинската комисија. Освен за натпреварите од ПМФЛ и ВМФЛ, комисијата имаше полни раце работа и со друга тема.
Станува збор за Општинскиот фудбалски сојуз Охрид, односно претседателот Цане Милошески и секретарот Никола Цветкоски.
Исклучување од фудбалската организација:
„Цане Милошески, претседател на ОФС Охрид и Никола Цветкоски, секретар на ОФС Охридсе исклучуваат од фудбалската организација и им се забранува вршење на каква било функција поврзана со фудбалот.
Одлуката е донесена по темелна постапка и претходни сознанија од одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластените службени лица од ОФС Охрид.
Извршена измама и доведување во заблуда,давање лажни, неточни и непотполни податоци во Комет системот (увидот во Комет системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите), фалсификување записници за натпревари кои не се одиграни, измислена комплетна „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид, односно натпреварување кое не постои“, напишаа од ФФМ.