Претседателот и Премиерот со честитки за историскиот успех, ќе следува и парична награда за хероите

by
1 минути читање

Македонија испиша
нови страници во сопствената фудбалска историја откако избори место на
Европското првенство идната година по минималната победа во Тбилиси кај
Грузија.

Честитки за
нашиот национален состав пристигнуваат од сите страни, па така со реакции се
одзва и државниот врв, каде честитки испратија и претседателот на државата,
Стево Пендаровски, односно премиерот Зоран Заев.

Историски успех
на македонската фудбалска репрезентација! Браво момци, се гордееме со вас!
“ напиша
претседателот Пендаровски.

Македонскиот
фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на
нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат,
радувај се народе!
“ напиша премиерот Заев.

Премиерот Заев на
социјалните мрежи објави и дека вечерва на седница на Владата е донесена одлука
од буџетските резерви да се наградат сите членови на македонската фудбалска
репрезентација со по 10.000 евра.

Фото-вест: Фудбалска Репрезентација на Македонија (Facebook)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани