Претседателот и комесарот за безбедност на Слога Виница добија кривични пријави – тепале фудбалер на Карбинци!

by Стефан
1 минути читање

Од Министерството за внатрешни работи објавија дека е поднесена кривична пријава против претседателот и комесарот за безбедност на Слога Виница поради напад на фудбалер од редовитен а Карбинци.

Инцидентот се случил во напреварот кој се одигра пред повеќе од еден месец на 4 мај. Тогаш од клубот од Виница демантираа дека имало инциент. Сепак полицијата по истрагата утврди дека Д.М и Н.К го нападнале фудбалерот на Карбиници.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.М.(44) и Н.К.(40), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘насилство’. На 04.05.2025 во соблекувална на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Слога од Виница и ОФК „Карбинци“, пријавените физички го нападнале М.Д., фудбалер на екипата на ОФК Карбинци, објави денеска МВР во војот битлен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани