Фудбалската сезона во ПМФЛ дојде до самиот крај, а со денешните четири натпревари ќе се затвори претпоследното коло од овогодинешниот шампионат.
Во ова коло службени победи ќе запишат Беса над Воска Спорт, како и Шкендија над Гостивар од по 3-0. Така, на програмата се само четири натпревари. Борбата за Европа е веќе решена, а и титулата е математички во рацете на Шкендија која го подготвува славјето во последната рунда.
Беса со службените три бода дојде до кота 30, но и тоа ја држи на десеттото место кое води во баражот за опстанок во лигата. Важни гостувања во оваа рунда имаат Тиквеш кој има 32 бода кај Шкупи и Брера која оди кај ланскиот првак, а има исто така 30 бода.
Се игра и градско скопско дерби во кое Работнички ќе го дочека Вардар, додека Силекс е домаќин на Пелистер во уште еден меч на екипи без резултатски императив.