Претплатниците на А1 нема да можат да ја гледаат Македонија во квалификациите за СП

by
0 минути читање

Операторот А1 не го продолжи договорот со Спорт Клуб и разочара значаен дел од своитие претплатници кои реагираа преку социјалните мрежи.

Покрај Премиерлигата, Примера и Формула 1, тие нема да можат да ги гледаат ниту натпреварите на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за СП.

Утрешниот натпревар против Романија ќе биде на Спорт Клуб 3 со почеток од 20:45 часот.

За среќа Македонската Радио Телевизија ги има правата за Европското првенство па историскиот настап на нашата селекција ќе може да го гледаат сите во Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани