Тутоспорт пишува дека Гатузо не бара ниту пари, ниту фудбалери, туку Де Лаурентис јавно да ги објасни своите постапки по поразот од 3-1 од Верона во јануари.
Информациите велеа дека Де Лаурентис тогаш го контактирал Рафаел Бенитез како замена за Гатузо кој имаше голем притисок поради лошата форма на тимот.
Но Наполи сега има серија од шест натпревари без пораз во Серија А и дојде на два бода позади Аталанта и Јувентус во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите.
Добрите резултати го промениле мислењето на на Де Лаурентис кој вложува напор да го убеди Гатузо да остане во Наполи.
Но според „Газета дело Спорт“, Гатузо одлучил да си замине по крајот на оваа сезона и не можел да прифати да се смири со Де Лаурентис.