Пресврт, Роналдо се сели во Манчестер, но не во Сити, Португалецот се враќа во Јунајтед!? (ФОТО)

by
1 минути читање

Ако до утринава изгледаше дека Кристијано Роналдо ќе изврши предавство и ќе стане играч на Манчестер Сити, сега се чини дека Португалецот ќе биде херој и ќе се врати во Манчестер јунајтед.

Дел од навивачите на Јунајтед палеа и дресови од Роналдо, но изгледа дека ќе купат нови со неговото презиме.

Последните информации велат дека Јунајтед доцна синоќа стапиле во контакт со агентот на Роналдо, Жорж Мендеш и ситуацијата се променила.

Манчестер јунајтед подготвува официјална понуда до Јувентус која наскоро ќе биде испратена, а Сити се откажале од намерата да го ангажираат Португалецот.

Според Фабрицио Романо, Кристијано Роналдо му рекол на својот агент Жорж Мендеш дека е подготвен за враќање на Олд Трафорд. Манчестер јунајтед во наредните часови ќе му испрати двегодишен договор на Роналдо.

Таквиот развој на настаните го сугерира и Рио Фердинанд кој најпрво објави неколку точки и меме од Леонардо Ди Каприо, а потоа точките и себеси.

Се подготвува голем камбек на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×