229
По две неуспешни
жалби, Наполи денеска успеа да издовјува правна битка пред Италијанскиот
олимписки комитет, кој пресуди мечот со Јувентус да се преигра.
Датуми нема многу,
а медиумите од Италија пренесуваат дека најверојатно Јувентус и Наполи ќе ги
одмерат силите на 13. јануари. Тоа значи пеколен распоред и пет тешки натпревари во период од две недели.
На 6. јануари, Јувентус
гостува кај Милан, а потоа на 10. јануари го пречекува Сасуоло. За 17. јануари
е закажано „Дербито на Италија“ и дуелот со Интер, а на 20. јануари на програмата
е дуелот со Наполи во Суперкупот на Италија.