Препородениот Антони го однесе Бетис до прво историско финале во Европа (ВИДЕО)

by bojan
0 минути читање

Бетис се избори за 2-2 на гостувањето кај Фиорентина и закажа пресметка против Челси за трофејот во Конференциска лига.

Бетис за прв пат во својата 117 годишна историја ќе игра финале во Европа, избраниците на Пелегрини вечерва одиграа 2-2 на реваншот против Фиорентина и закажаа пресметка против Челси за трофејот во Конференциска лига.

Препородениот Антони повторно ја направи разликата, Бразилецот прекрасно погоди од слободен удар, а убаво го послужи и Ез Абде за 2-2 во 97. минута.

Двата гола на Госенс на крајот беа недоволни за Фиорентина, која се надеваше на третото финале во низа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани