168
Конте посакува да ја засили офанзивата на Тотнем и ќе се обиде да го убеди Антоан Гризман да се пресели во Северен Лондон.
Наводно и фудбалерот би сакал да се проба во Премиерлигата, па се ќе зависи од тоа дали двата клуба ќе успеат да се договорат.
„Сан“ тврди дека Тотнем може да го добие Гризман за околу 40 милиони евра.
Гризман оваа сезона нема некоја импресивна статистика, одигра 16 меча, постигна три гола, и имаше една асистенција.