239
Ѓорѓи Христов
несомнено е еден од најдобрите напаѓачи во фудбалска Македонија, тој за нашиот
најсилен фудбалски состав на 48 натпревари постигна 16 погодоци, а воедно зад
себе запиша и успешна интернационална кариера.
По трите сезони
минати во дресот на Партизан, битолчанецот потпиша за Барнсли (1997-2000), каде
на 45 натпревари постигна 8 погодоци, а еден од нив остави особено впечаток од
истите, за што потсетија и од Премиерлигата на социјалните мрежи.
Денеска,
Премиерлигата на својот фејсбук фан пејџ кој брои над 40 милиони фанови објави
видео насловено: „Гол на
денот: Деликатниот волеј на
Христов“, со што потсети на неговата мајсторија против Лидс во 1998. година.