Премиерлигата нема да се емитува во Русија

by
1 минути читање

Премиерлигата го
раскинува договорот со „Рамблер Медија“, со што натпреварите од најсилната
фудбалска дивизија на Островот нема да може да се емитуваат во Русија, а сево
ова на три месеци пред истекот на договорот помеѓу обете страни.

На Островот
известуваат дека иста одлука донела и Англиската фудбалска асоцијација, со што
во „пакетот“ мерки е вметнат ФА купот, но и останатите дивизии од самото
првенство, а се верува дека договорот на годишно ниво изнесува 6 милиони фунти.

ТВ правата во
Русија за емитување на Премиерлигата ги поседува „Рамблер Медија“, инаку во
сопственост на „Сбербанк“, една од најголемите банки во Русија чиј удел има и
самата држава, а истата е дел од листата на руски бизниси која е под сериозни
санкции поради инвазијата во Украина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×