Премиерлигата ја
одобри зделката со која конзорциумот на Тод Боли треба да го купи Челси за 4,25 милијарди фунти.
Сите инволвирани го
поминале тестот на директори и сопственици, па бордот на Премиерлигата дал
зелено светло за промена на сопственоста.
Сега останува
уште владата на Велика Британија да издаде лиценца за продажба и да се заврши
процедурата. Се верува дека се пеглаат последните детали, властите бараат
гаранции за долгот од 1,5 милијарди фунти кој Челси го има кон Роман Абрамович,
како и ветувањето на Русинот дека профитот од продажбата ќе биде дониран на
жртвите од војната во Украина.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.