308
Во случај сезоната во Премиерлигата да не се доигра, клубовите се договорија да се примени системот поени од натпревар. Односно да се важи актуелната табела во моментот кога е прекинато првенството, а доколку некој има помалку или повеќе одиграни натпревари се вади просекот на освоени бодови.
Тоа значи дека Ливерпул повеќе не треба да стравува дали ќе ја освои титулата оваа сезона.
На вчерашниот состанок договорено беше сезоната да продолжи на 17 јуни. На првиот ден се игра дерби натпреварот меѓу Манчестер Сити и Арсенал, како и дуелот меѓу Астон Вила и Шефилд јунајтед.