Премиерлигашите дадоа зелено светло за втората фаза, за утре е закажан клучен состанок

by
1 минути читање

Нов чекор кон ре-старт
на сезоната во Премиерлигата, клубовите утрово имаа состанок на кој едногласно
дадоа зелено светло за имплементација на втората фаза.

Тоа значи дека ќе
може да се тренира во поголеми групи и да се прават стартови, но со препорака секогаш
кога ќе може да се избегнува близок контакт.

Следната недела
ќе треба да се одлучива за фазата три, а во меѓувреме, за утре е закажан
клучен состанок.

На агендата ќе
бидат неколку важни прашања, како датум за ре-старт, ТВ распоредот а ќе се
зборува и за план Б во случај сезоната да не може да продолжи.

Првичната идеја беше сезоната да продолжи на 12. јуни, но како одминува времето, се појасно е
дека фудбалот нема да се врати на овој датум. 19. јуни е многу пореална опција,
иако не се исклучува и можноста ре-стартот да биде на 26. јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×