Преку 200 страни заинтересирани за Челси, навивач на „сините“ е помеѓу главните кандидати за наследник на Абрамович

by
1 минути читање

Челси треба да
добие нови сопственици и покрај тоа што зделката во еден момент се закомпликува
откако Владата на Велика Британија реши да го санкционира Роман Абрамович
поради војната во Украина и да му го замрзне имотот.

Медиумите од
Англија пренесуваат дека преку 200 страни пројавиле интерес, но се верува дека
најголемиот дел од нив не се сериозни во намерата.

Сите што сакаат
да го купат Челси треба да достават понуда до крајот на неделата и да покажат
гаранции дека имаат средства за превземање на клубот.

Синоќа се
појавија информации дека Сауди Медиа Груп доставила понуда од 2,7 милијарди фунти,
а помеѓу главните кандидати за наследник на Роман Абрамович се посочува Ник
Кенди.

Бизнисменот од
Лондон, кој е навивач на „сините“, креирал конзорциум од инвеститори, ги
обезбедил средствата и ќе достави конретна понуда за купување на Челси.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×