Преговорите помеѓу Њукасл и Фонсека се во напредна фаза

by
1 минути читање

Откако се раздели
со Стив Брус, Њукасл наводно е во преговори со поранешниот тренер на Рома,
Пауло Фонсека, а се верува дека преговорите се во напредна фаза.

Фонсека е прва
желба на новото раководство на клубот од „Сент Џејмс Парк“, а особено на новата
директорка на Њукасл, Аманда Стејвли
, тврди „Гардијан“.

За услугите на
Фонсека претходно интерес пријавуваше и Тотнем, особено по ланската турбулентна
сезона, меѓутоа, и покрај тоа што обете страни постигнаа согласност, до
официјализација на договорот не дојде.

Освен Фонсека, за
тренерското столче во Њукасл се спомнуваат уште и Роберто Мартинез, Френк
Лампард, Стивен Џерард, како и Еду Хау.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани