Преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Порто за Алекс Телес во напредна фаза

by
1 минути читање

Алекс Телеш би
можел да биде второто засилување за Оле Гунар Солшер во новата сезона за
Манчестер јунајтед по Дони Ван де Бек, откако „Гардијан“ извести дека
преговорите со Порто околу можниот трансфер на 27 годишниот лев бек се во
напредна фаза.

Бразилецот има
откупна клаузула во својот договор со Порто во висина од 40 милиони евра, а од
Манчестер јунајтед наводно се обидуваат да го договорат трансферот за максимум
25 милиони евра, а на „Олд трафорд“ имаат причина за таквата понуда.

Договорот на
Телеш со Порто истекува идното лето, па така Порто е помалку во незавидна
ситуација ако се земе во предвид дека би ризикувал да остане со празни раце од
фудбалерот кој има и повеќе од солидна вредност на трансфер пазарот во
моментов.

„Телеграф“ додава
дека Манчестер јунајтед истовремено преговара и со агентите на фудбалерот кој
би имал неделна плата во висина од 75.000 фунти на „Олд трафорд“, а извесно е дека
Шо би можел да биде втора опција доколку Бразилецот пристигне во составот на
Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани