Преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Покетино течат далеку од очите на јавноста

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на ПСЖ, Маурицио Покетино е помеѓу главните кандидати за
преземање на кормилото на Манчестер јунајтед за идната сезона, а се верува дека
аргентинскиот фудбалски стратег е во постојана комуникација со Премиерлигашот,
со кого води тајни преговори.

Како и да е,
идниот консултант, а моментално тренер на „Црвените ѓаволи“, Ралф Рангник
наводно го преферира тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг за иден предводник на
Манчестер јунајтед, а една од опциите воедно беше и предводникот на Лестер,
Брендон Роџерс.

„Ле Парисиен“
известува дека Манчестер јунајтед првиот контакт со Покетино го остварил веднаш
по отказот за Оле Гунар Солшер во ноември ланската година, а се верува дека
контактите се уште се одвиваат помеѓу обете страни.

Францускиот
медиум исто така додава дека самиот Покетино посакува да се врати на Островот,
а при евентуално такво сценарио, ПСЖ би го ангажирал Зинедин Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×