1,6K
На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од полуфиналето во Купот на Македонија во кои Вардар славеше победа од 3-0 против Брера, а Струга ја совлада Шкендија со 1-2.
На натпреварот на Вардар два гола беа постигнати во првото полувреме и еден во второто, но реакции од домаќините имаше за првиот погодок кој го постигна Сењор . Гостите сметаа дека погодокот е постигнат од недозволена позиција, меѓутоа немаше реакција од арбитрите.
За Шкендија не беше доволен мајсторскиот гол на Рамадани кој погоди директно од корнер во првиот дел.