Предвидувањата на Тухел се остварија, Анчелоти ќе го предводи Реал на Стемфорд Бриџ

by
1 минути читање

Експедицијата на
Реал Мадрид вчера пристигна во Челси без Карло Анчелоти, стратегот беше неизвесен
поради ковид-19.

Запрашан за отсуството
на неговиот колега, Томас Тухел синоќа рече: „Во денешно време, имаме многу
помош од технологијата, па тој ќе може да дава инструкции и постојано ќе биде
во контакт со играчите и персоналот, но секогаш е подобро кога имате директно
влијание. Сите тренери сакаат да бидат во центарот на собата и да бидат дел од групата,
постојано да комуницираат и не само со зборови, туку и со чувства, на пример со
насмевка“.

„Се надевам дека
ќе биде дел од натпреварот. Имам информации дека ќе се обиде да пристигне утре
(денес) вечер. Лично се надевам дека ќе успее. Тој е голем тренер и ќе биде
убаво доколку стои покрај аут линијата на ваков натпревар“.

Предвидувањата на
Томас Тухел се остварија, медиумите од Шпанија пренесуваат дека Карло Анчелоти
утрово добил негативен тест и ќе патува во Лондон.

Тој со денови
немал симптоми, се чувствува добро, па ќе го предводи Реал Мадрид на Стемфорд
Бриџ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×