Предлог од Русија: Тепачките помеѓу хулиганите да станат спорт, 20 на 20 во сала!

by
1 минути читање

Хулиганизмот беше една од главните теми на Европското првенство во Франција, па веќе се бараат методи како да се искоренат немирите од улиците и Светското првенство во Русија да помине без големи инциденти, особено ако се знае дека руските навивачи беа главни во нередите.

Игор Лебедев, политичар во рускиот парламент има интересен предлог, идеја која е речиси неверојатно да се спроведе и во пракса.

Тој предлага да се легализира хулиганизмот и тепачките помеѓу навивачките групи да се одржуваат во сала како еден вид на спорт.

Конкретниот предлог е да има по 20 навивачи од двете страни и во тепачките да биде забрането користење на било какво оружје.

Тој смета дека со донесување на ваков закон ќе се искоренат тепачките од улиците и битките меѓу хулиганите ќе се префрлат во сала каде што нема да страдаат и невини луѓе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани