Пред натпревар на култниот бразилски клуб во автобусот на фудбалерите запленати 86 килограми марихуана

by Стефан
1 минути читање

Натпреварот од осминафиналето на Копа Судамерикана меѓу Боливар и Сао Пауло падна во сенка на голем скандал кој го потресе бразилскиот клуб.

Боливиската полиција во автобус ангажиран за потребите на експедицијата на Сао Пауло пронашла и запленила дури 86,5 килограми марихуана. Во рамки на акцијата биле приведени и тројца возачи кои биле ангажирани за превозот.

Инцидентот се случил во близина на Кочабамба, кога припадници на боливиската полициска единица УМОПАР го запреле возилото за редовна контрола. При деталниот претрес биле откриени четири торби полни со дрога, по што веднаш била активирана полициска операција.

Сао Пауло не се соочи со санкции и со нов автобус без поголеми проблеми го продолжил патувањето кон својата дестинација, додека тројцата возачи биле задржани поради пронајдената дрога.

Според информациите што ги пренесуваат бразилските медиуми, компанијата „Бусес Космос“ ја презела одговорноста за ангажираните возачи и нагласила дека Сао Пауло нема никаква поврзаност со запленетата марихуана.

Бразилскиот гигант во Боливија пристигна поради осминафиналниот натпревар од Копа Судамерикана против Боливар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×