Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе го напушти кормилото на Реал Мадрид следната недела, а според информации на „Скај Спорт“, тој е многу блиску до преземање на селекторската функција на бразилската фудбалска репрезентација.
Преговорите меѓу Анчелоти и Бразилската фудбалска федерација ќе продолжат во текот на мај, но очекувањата се дека тој ќе биде назначен пред почетокот на Светското клупско првенство, што дополнително ја потврдува сериозноста на намерата на Бразилците.
Слични информации сподели и реномираниот новинар Фабрицио Романо, кој на платформата „X“откри дека бразилската делегација сѐ уште се во Шпанија и работи на финализирање на договорот, чекајќи сигнал од Реал Мадрид.
Во исто време Реал Мадрид работи на доведување на Чаби Алонсо како негов наследник.