160
Мурињо го однесе тимот до финалето и имаше шанса на Тотнем да му донесе трофеј за кој тие мечтаат премногу долго.
Но Португалецот не доби шанса да го одигра тој натпревар, таквата одлука на Леви беше чудна.
Извор близок до Тотнем вели: Жозе Мурињо беше избркан од Тотнем поради клаузула во договорот која вели дека тој ако не освои трофеј нема да го добие целото обесштетување во случај на отказ.
Отказот бил извесен, па Леви кој важи за скржав газда, направил пресметка дека во случај Мурињо да го освои купот ќе требало да му плати многу повеќе пари отколку вака.