269
Европската авантура на Шкендија оваа сезона траеше значително помалку од лани, па таква е и сумата која ја заработи тетовскиот тим.
Шкендија синоќа беше елиминирана од Хибернијан откако не успеа да ја анулира негативата од првиот меч.
За секоја одиграна рунда во квалификациите од Конференциската лига, тетовскиот тим добива по 175.000 евра, тоа е 525.000 евра. Плус за елиминација во 3. квалификациско коло на сметката на Шкендија легнуваат 550.000 евра.
Вкупната сума која Шкендија ја заработи оваа сезона од Европа е 1.075.000 евра.
Тоа е шест пати помалку за разлика од лани, кога тетовскиот клуб инкасираше 6,2 милиони евра.