93
Оле Гунар Солшер
е под голем притисок на клупата на Манчестер јунајтед, а 48 годишниот фудбалски
стратег има активен договор со клубот со важност до 2024 година, што значи дека
ќе добие обештетување при евентуален отказ.
Притисокот се
зголеми дополнително и со убедливиот пораз од Ливерпул на свој терен со 0-5, а
како што пишуваат на Островот, Манчестер јунајтед ќе мора да му исплати
обештетување во висина од 7.5 милиони фунти доколку одлучи да му врачи отказ.
Како и да е, во
клубот веќе ја донесоа одлуката, а Солшер ќе продолжи да ги предводи „Црвените
ѓаволи“ и на дербито против Тотнем претстојниов викенд во десетото коло од
Премиерлигата.