Познато е кој број ќе го носи Родри во Барселона

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот репрезентативец Родри во следните неколку дена и официјално треба да го комплетира трансферот во Барселона.

Каталонскиот гигант постигна договор со Манчестер Сити за ангажманот на еден од најдобрите играчи за врска во светот, а во меѓувреме е решена и дилемата околу бројот на неговиот дрес.

Родри во Манчестер Сити и во репрезентацијата на Шпанија настапуваше со бројот 16, но истиот број во Барселона го носеше Фермин Лопез.

Шпанецот директно го прашал Фермин дали може да му го отстапи бројот, а младиот фудбалер без проблем се согласил.

Фермин Лопез од следната сезона ќе настапува со бројот седум, кој досега беше во сопственост на Феран Торес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×