Жозе Мурињо е пред враќање на клупата на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските и англиските медиуми.
Мурињо повторно ќе седне на клупата на Реал по пауза од 13 години, а во Мадрид наводно ќе добие целосна доверба и големо влијание околу трансфер политиката на клубот. Како прво големо засилување кое се поврзува со Реал се споменува хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол од Манчестер Сити.
Според информациите на ЕСПН, „кралевите“ веќе постигнале договор со португалскиот стратег, а неговата официјална промоција се очекува во понеделник. Клубот ќе почека Алваро Арбелоа да го одработи последниот меч со Реал против Атлетик Билбао, па потоа ќе го промовира Португалецот.
Враќањето на „Специјалниот“ веќе предизвика огромно внимание во фудбалската јавност, а навивачите на Реал со нетрпение ја очекуваат официјалната потврда.