Познати составите: Реал без Мбапе ќе ја нападне Барселона!

by 24 фудбал
0 минути читање

Реал Мадрид и Барселона ќе се судрат во финалето на Копа дел Реј во Севиља.

Тренерите Карло Анчелоти и Ханси Флик ги открија картите и ги потврдија стартните тимови. Реал ќе го нападне лутиот ривал без новата ѕвезда Килиан Мбапе кој остана на клупата поради повреда. Од друга страна, Барселона ќе биде исто така без најдобриот напаѓач Роберт Левандовски кој не е во комбинација за настап.

  • Стартните тимови за „Ел Класико“:

Барселона: Шчесни; Кубарси, Мартинез, Кунде, Мартин; Де Јонг, Олмо, Педри; Феран, Јамал, Рафиња;

Реал Мадрид: Куртоа; Васкез, Асенцио, Рудигер, Менди; Чуамени; Себаљос, Валверде; Белинге; Винициус, Родригу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани