Познати паровите и во Лигата на Европа: Тешка задача за Манчестер јунајтед!

by Стефан
1 минути читање

По ждребката за осминафиналето во Лигата на шампионите во Нион се извлекоа и паровите за Лигата на Европа.

Манчестер јунајтед на кого сезонава тешко му оди нема да има лесна задача бидејќи за противник го доби шпанскиот Реал Сосиедад.

Интересна сигурно ќе биде и пресметката помеѓу Рома и Атлетик Билбао, овие две екипи веќе играа во лигашкиот дел и таа средба заврши без победник 1:1.

Бодо/Глимт – Олимпијакос

Фенербахче – Ренџерс

Ајакс – Франкфурт

Лион – Стеауа

АЗ Алкмар – Тотнем

Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед

Викторија Плзен – Лацио

Рома – Атлетик Билбао

Првите натпревари од осминафиналето се играат на 6 март, додека реваншите се закажани на 13 март.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани