183
Се очекува Паоло Дибала да биде надвор од теренот од 15-20 дена по вчерашната повреда на коленото. Се работи за удар на вкрстените лигаменти на левото колено и тој ќе треба да мирува најмалку две недели.
Тоа значи дека ќе ги пропушти големите дерби пресметки против Интер и Наполи.
Вестон Мекени и Федерико Киеза поминаа полесно. Нивната состојба ќе се следи на дневна база. Според „Скај Спорт“ двајцата нема да играат во среда против Џенова во меч од Купот на Италија, но клубот се надева дека ќе бидат подготвени за неделното дерби против Интер.