Арсенал го доби
дербито со Тотнем на свој терен откако со пресврт славеше со 2-1, а постои
поделеност кај јавноста во однос на голот за победа од пенал, дело на Лаказет,
но, како и да е, првично изненади почетниот состав на домаќините во кој го
немаше Пјер-Емерик Обамејанг, првата ѕвезда на тимот.
Микел Артета
објаснувајќи ја таквата одлука, наведе само дека станува збор за недисциплина,
не навлегувајќи подетално во целата таа приказна, па Обамејанг сиот меч го
проследи од клупата за резерви, иако самиот Артета призна дека бил планиран да
почне од првата минута.
„Атлетик“ објави
дека Обамејанг бил изоставен поради тоа што задоцнил на собирот на Арсенал во
пресрет на дербито на Лондон, а сега тамошните медиуми пишуваат дека Габонецот
би можел да добие и парична казна поради тоа што задоцнил на собирот пред
дербито, а ова не е прв пат тој да прекрши одреден протокол во клубот од поглед
на дисциплината.
31 годишниот
Обамејанг изминатиов период игра во солидна форма, погоди на два пати против
Бенфика во Лига Европа, а постигна и четири погодоци во последните три меча во
Премиерлигата.
По тоа што се случи, Обамејанг се одзва и на социјалните мрежи, но вон приказната со недисциплината, туку да ја прослави победата над градскиот ривал Тотнем, упатувајќи порака дека Северен Лондон е црвен, и така ќе останело.