Иднината на Лео
Меси е топ тема изминатиов период, Аргентинецот ги одработува последните месеци
од договорот. Се верува дека ПСЖ сака да го ангажира и од Париз пристигнаа
неколку пораки преку медиумите.
Неколку играчи
дадоа коментар, меѓу нив беше и Нејмар, кој изјави дека сака повторно да игра
со Лео Меси.
На оваа тема сега
говореше агентот Андре Кури, човек од доверба на Барселона кој има голема
заслуга за трансферот на Нејмар на Камп Ноу.
„Нејмар ќе игра
со Меси но во Барселона. Се сомневам дека можеме да ги видиме заедно во друг
тим. Ќе биде во Барселона, каде никогаш не требаше и да се разделат“ – вели Кари.
„Пред две години
добив насоки да го вратам Нејмар во Барса, бевме блиску до комплетирање на
трансфер но ништо не се случи. Мислам дека Лапорта е многу добар претседател и
може да реализира ваква зделка“.
За можноста Меси
да замине од Камп Ноу, тој додава: „Мислам дека нема да замине. Неговата
историја во Европа започна во дресот на Барса и треба да заврши таму“.