Популарниот СМС
од поодамна е на радот на ПСЖ, и се најавува дека „светците“ и ова лето ќе се
обидат да стигнат до потписот на фудбалерот од средниот ред. Но последните
информации велат дека Сергеј Милинковиќ Савиќ не е единствениот играч од Лацио
во списокот на Леонардо.
Шампионот на Франција сака во пакет да го купат и Адам Муришиќ, и подготвен е да плати 80 милиони евра
за Србинот и Црногорецот.
Агент на двајцата
е поранешниот фудбалер Матеја Кежман, па и тој добро ќе се офајди од една ваква зделка.
Во меѓувреме,
спортскиот директор на Лацио, Игли Таре изјави дека веќе пикирал наследник на
Сергеј Милинковиќ Савиќ, но одби да каже за кого станува збор: „Имам играч на
ум, но нема да ви го откријам името. Попрво ќе се убијам!“