Повторно проблеми за Алвеш: Доби нова тужба!

by Стефан
1 минути читање

Бразилецот Дани Алвеш кој помина еден период и во притвор поради обвиненијата за силување сега се соочува со нов проблем.

Имено, неговиот поранешен клуб Пумас поднесе барање до ЦАС за прекршување на договорот од дефанзивецот.

Веќе е закажано и рочиште за случајот кое ќе се одржи на 25 март и истото ќе биде зад затворени врати.

Договорот со Алвеш Пумас го раскина во 2023 година кога беше уапсен поради силување, сега клубот бара надоместување на штетата. Во првенството на Мексико Алвеш одигра 13 натпревари во кои подели пет асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани