Повредениот Бејл тренира осамен во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Неизвесноста
околу Герет Бејл за тоа колку е подготвен продолжува, а тој тренира осамен во
Реал Мадрид по враќањето на клупските обврски во вторникот.

29 годишниот
фудбалер ја напушти селекцијата на Велс порано од предвиденото откако се утврди
дека не е подготвен за натпреварите против Шпанија и Република Ирска за време
на интернационалната пауза поради репрезентативните натпревари.

Бејл ја обнови
повредата ланскиот месец во градското дерби против Атлетико Мадрид и покрај тоа
што учествуваше во поразот од Алавес, постои загриженост во клубот дека наводно
неговата повреда е потешка од тоа што првично се претпоставувало.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани