168
Црна дамка во победата на Италија над Белгија беше повредата на Спинацола кој со солзи во очите на носилки беше изнесен од теренот.
Информациите од Италија велат дека се работи за кинење на ахиловата тетива. Тоа значи дека за него ЕП е завршено, но ќе пропушти и добар дел од новата сезона за Рома.
Спинацола беше еден од најдобрите играчи не само за Италија туку и воопшто на Европското првенство.