Заврши сезоната
за фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза кој на дербито против Рома кое „Старата
дама“ го доби со 3-4 се здоби со повреда од посериозен карактер, односно
оштетување на вкрстените лигаменти на коленото.
Со оваа повреда
на Киеза практично се менуваат трансфер плановите на клубот од Торино, со тоа
што во главна мера се мисли на Дејан Кулушевски, за кого се верува дека ќе
остане во Јувентус.
„Скај Спорт
Италија“ извести дека Јувентус веќе го блокирал потенцијалното заминување на
Кулушевски за јануарскиот преоден рок, иако постоеше голема можност за Тотнем
да го ангажира шведскиот репрезентативец за околу 30-35 милиони евра.
Во Италија
додаваат дека челниците на Јувентус воедно донеле и одлука да се ангажира
напаѓач овој месец, со тоа што останува отворено прашањето дали ќе се работи за
крилен напаѓач, или класичен.