164
По еден дуел со Калулу, Имобиле падна во болка на теренот. На прва изгледаше сериозно, тој беше изнесен од теренот со двајца членови на медицинскиот тим на Лацио, едвај газеше на стапалото.
Но по укажаната лекарска помош, Имобиле се врати на теренот, сепак неколку минути подоцна побара да биде изваден.
На трибините беше и селекторот на Италија, Роберто Манчини кој делуваше загрижено од тоа што се случува.
Имобиле е прв напаѓач на италијанската репрезентација и Манчини не сака да го загуби пред дуелот со Македонија следниот месец, и евентуалниот меч со Португалија или Турција.
Уште е нејасно дали и колку долго Имобиле ќе паузира по оваа повреда.