Потрес во Интер, Икарди остана без капитенската лента, Хандановиќ е нов капитен!

by
1 минути читање

„Нероаѕурите“
решија да му ја одземат капитенската лента на Мауро Икарди и да го именуваат
Самир Хандановиќ за нов лидер на тимот. Официјално соопштение за ваквиот
сензационален потег нема, па со нетрпение ќе се чека пресот на Спалети (18:30)
за дуелот со Рапид во Лига Европа.

Во отсуство на
објаснување, многумина сметаат дека ова е последица на големиот број
контроверзии кои беа креирани изминатиов период и натегањето околу новиот договор
на голгетерот.

Исто така ќе се
очекува и реакцијата на самиот Мауро Икарди и особено неговата сопруга и агент,
Ванда Нара.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани