174
Според пишувањата
на „Тутоспорт“, Челси почнал да се распрашува за бекот на Милан, Тео Ернандез,
а се верува дека „Росонерите“ не помислуваат да го продадат својот фудбалер за
помалку од 60 милиони евра обештетување.
Актуелниот договор
на Ернандез истекува во 2024 година, а Милан е веќе во преговори со агентит на
фудбалерот за тој да стави потпис на нов договор со кој би се обврзал на
верност со клубот до 2026 година, а во истиот ќе има и зголемување на неговата
плата.
24 годишниот Ернандез
во 2019 година се пресели во Милан од редовите на Реал Мадрид за 21 милион
евра, а многумина го сместуваат на листата на најдобри бекови во фудбалска
Европа.