Потпиша за Алмерија и раскажа што преживеал во Украина: Летаа авиони, паѓаа бомби, тенкови на улица…

by
1 минути читање

Нелсон Монте во
септември се реши за авантура во Днипро, но престојот во Украина го заврши по
шест месеци. По воената интервенција на Русија, тој заедно со уште неколку
фудбалери побрзале да ја напуштат земјата, возеле 28 часа за да стигнат на
безбедно во Романија.

„Спиев и слушнав
голема врева, во прв момент се чудев што беше тоа. Кога го отворив прозорот
видов како паѓа бомба и си реков, „почна војната“. Влегов во автомобил заедно
со уште двајца Шпанци и еден Бразилец и почнавме да возиме“
– раскажува Нелсон
Монте по преселбата во Алемерија.

„Возевме околу 28
часа без престан. Видовме многу тенкови на улиците. Сакавме да одиме во Лвив и
од таму во Полска, но ни кажаа дека и Лвив го бомбардираат па да одиме по друг
пат, односно да одиме во Романија“.

„Тоа што се
случуваше беше страшно, летаат авиони, паѓаат бомби, тенкови на улици…“

„Украинците не го
заслужуваат ова, тие се добри луѓе“.

Тој потоа кажа какви
се сцените на границите: „Татковците ги оставаат децата со мајките, ги
бакнуваат и се враќаат назад да се борат. Срцето ме боли, зошто многу деца на
најразлична возраст не знаат дали утре ќе имаат татко“.

Тој исто така
откри дека семејство од Украина сега престојува во неговиот дом во Португалија.

„Жена која
работеше во клубот има две ќерки, на 9 и 10 годишна возраст, и тие сега се во
мојот дом во Португалија заедно со мојата сопруга“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×