Постекоглу „удри“ по германскиот напаѓач: Не беше ниту близу до нивото на кое треба да биде!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Тотнем одигра нерешено (1-1) против Ренџерс во Лигата на Европа. По овој натпревар видно незадоволен беше тренерот Анге Постекоглу.

Австралиецот посебно го посочи Тимо Вернер кој играше како стартер, но беше заменет веќе на полувремето.

Не беше ниту близу до нивото на кое треба да биде. Тој е германски репрезентативец. Во ситуацијата во која се наоѓаме немаме многу опции. Барам од сите играчи само да дадат максимум. Неговата изведба во првиот дел беше неприфатлива. Не ми е грижа како ќе ја прифати оваа критика. Сакам сите да придонесуваат. Мора поискусните играчи да го одработат тоа што од нив се бара, а од младите не барам многу“, изјави Постекоглу.

Во првиот дел Тимо Вернер загуби 16 поседи на топката. Во ниту еден од петте дуели не излезе како победник, а имаше 69% успешни додавања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани