Тотнем против Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на Европа брка прекин на долгата низа без пораз. Во Европа „петлите“ не знаат за славје на голем трофеј цели 41 години.
Тренерот Анге Постекоглу на прес-конференцијата го најави мечот за трофејот против „црвените ѓаволи“.
„Имаме огромна шанса да освоиме трофеј, верувам дека можеме да дојдеме до тоа. Пласман во Лигата на шампионите е посебен момент, а трофејот е најголем мотив. Ова е финале, ништо претходно не е важно. Тотнем чека 41 година на европски трофеј и мојот фокус е да направиме нешто посебно. Мора да ја сфатиме важноста на натпреварот и се подготвуваме за најдоброто издание на Јунајтед“, изјави Постекоглу.
Финалето на Лигата на Европа оваа година ќе се одигра во Билбао, Шпанија. Еуфорија веќе владее во овој баскиски град и се очекува спектакл во мечот за трофејот.