„Граѓаните“ соопштија дека си подале рака со Нотингем Форест за трансфер на Елиот Андерсон, фудбалерот веќе ги поминал редовните лекарски прегледи, а зделката ќе се комплетира по крајот на Светкото првенство.
Енцо Мареска го доби првото засилување за новата сезона, на Етихад пристигнува Елиот Андерсон во зделка вредна околу 116 милиони фунти (135 милиони евра).
Со овој трансфер, 23 годишниот Елиот Андерсон испишува историја и станува најскапиот британски фудбалер досега.
Тој го надмина рекордот на Џуд Белингем, за кого Реал Мадрид во 2023 година одвои околу 134 милиони евра.
Ова ќе биде и еден од најголемите трансфери во Премиерлигата, поскапи засилувања се само преселбата на Флоријан Вирц во Ливерпул за 116,5 милиони фунти, и трансферот на Александер Исак на Енфилд вреден 125 милиони фунти.
„Манчестер Сити и Нотингем Форест постигнаа договор за трансферот на Елиот Андерсон“ – се вели во соопштението.
„Во моментов, 23 годишниот Андерсон е со репрезентацијата на Англија на Светското првенство и успешно ги мина медицинските прегледи во Канзас. Сите преостанати формалности околу трансферот ќе бидат завршени по неговото враќање во Англија“.
„Во меѓувреме, сите во Сити им посакуваат многу среќа на Елиот и на англиската репрезентација на Светското првенство, и со нетрпение очекуваат наскоро да му посакаат добредојде во Манчестер.“